Втор циклус

Просторно планирање (акредитација 2026)

Просторно планирање (акредитација 2026)

Географија, Просторно планирање
2 циклус, 1 година, 2 семестри, 60 ЕКТС кредити

Елаборат за студиската програма
Решение за акредитација на студиската програма
Решение за почеток со работа на студиската програма

Студиската програма Просторно планирање се состои од 1 година студирање (2 семестри), со што студентите добиваат 60 ЕКТС кредити. Овие постдипломски студии и програмата се организирани за стекнување на VII/A степен на образование според Националната рамка на квалификации и целосно исполнување на дескрипторите за квалификации

Стручното звање што се доделува по завршување на првиот циклус на студии и одбрана на дипломска работа е:
Магистер по просторно планирање

Студиската програма дава можност за понатамошна континуирана едукација на повисоко ниво на студии – втор циклус на студии организиран од Институтот за географија и тоа во различни области на географијата.

Начин на финансирање
На студиската програма се запишуваат студенти кои самите ги покриваат трошоците за студирање.

Услови за запишување
Условите и критериумите за запишување на студентите на студии на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" ги пропишува Ректоратот на Универзитетот во согласност со законските прописи и препораките на Министерството за образование и наука. Право на запишување на втор циклус студии по Просторно планирање на Институтот за географија имаат кандидати кои завршиле додипломски студии на Институтот за географија и други сродни факултети блиски до просторното планирање. За запишување на вториот циклус на студии по Просторно планирање, студентот мора да има освоено 240 кредити од претходниот студиум (од прв циклус на студии). Школарината за студиите за сите студенти (домашни и странски) изнесува 2100 EUR во денарска противвредност (Институтот за географија го задржува правото за промена на цената на студирање, согласно економските текови во општеството).

Структура на студиска програма
На студиската програма Просторно планирање распоредот на предметите по семестри и студиски години за академски студии (АС) е даден во следната табела:

 

Прв семестар

Реден број

Код на предметот

Назив на предмет

Неделен фонд

ЕКТС

П

В

 

 

Задолжителен предмет

 

 

 

1.

ГПП01

Mетодологија на научно истражувачка работа во просторното планирање

3

3

6

2.

ГПП02

Просторно планирање: теории, концепти и практики

3

3

6

3.

ГПП03

Процес на изработка на просторен план

3

3

6

4.

ГПП04

Географски компоненти на просторното планирање

2

2

4

5.

 

Изборен предмет 1

2

2

4

6.

 

Изборен предмет 2

2

2

4

 

Втор семестар

Реден број

Код на предметот

Назив на предмет

Неделен фонд

ЕКТС

П

В

7.

 

Проектна задача

0

10

10

8.

 

Магистерска работа

15

5

20

 

Листа на изборни предмети

 

Код на предметот

Назив на предмет

 

ГПП05

Урбани системи

 

ГПП06

Регионално планирање

 

ГПП07

Просторна економија

 

ГПП08

Инфраструктура

 

ГПП09

Просторна политика на ЕУ

 

ГПП10

Тематска картографија

 

ГПП11

ГИС во просторното планирање

 

ГПП12

Релјефот во просторното планирање

 

ГПП13

Климата во просторното планирање

 

ГПП14

Водите во просторното планирање

 

ГПП15

Населението во просторното планирање

 

ГПП16

Населбите во просторното планирање

 

ГПП17

Примарни дејности во просторното планирање

 

ГПП18

Секундарни дејности во просторното планирање

 

ГПП19

Терцијарни дејности во просторното планирање

 

ГПП20

Животната средина во просторното планирање

 

ГПП21

Природни и антропогени непогоди во просторното планирање

 

ГПП22

Регионализација и регионален развој

 

Вкупно

предавања

вежби

ЕКТС

30 часа х 15 недели

= 450 часа

30 часа х 15 недели

= 450 часа

60

ВКУПНО кредити од задолжителни и изборни предмети (ред 1,2,3,4,5,6)

30

 

ВКУПНО кредити од проектна задача, изработка и одбрана на магистерски труд (ред 7 и ред 8)

30

 

ВКУПНО СЕ:

60

 

 

Начин на избор на изборни предмети од студиска програма

Изборните наставни предмети студентите ги избираат од листата на изборни наставни предмети на дадената студиска програма.

© 2026. Институт за географија, ПМФ, УКИМ, Скопје.