ПРИЕМНИ ТЕРМИНИ
СЕ ИЗВЕСТУВААТ СТУДЕНТИТЕ КОИ ШТО СЛУШААТ ПРЕДМЕТИ КАЈ ПРОФ. Д-Р ИВАН РАДЕВСКИ ДЕКА ПРИЕМНИ ТЕРМИНИ ЗА КОНСУЛТАЦИИ СЕ ВО ПОНЕДЕЛНИК И ВТОРНИК ОД 9 ДО 11 ЧАСОТ.
ОД ПРЕДМЕТНИОТ ПРОФЕСОР
Ноемвриска (дополнителна) испитна сесија кај доц. д-р Владимир Златаноски
Испитите по предметите од летниот семестар кај доц. д-р Владимир Златаноски во ноемвриската дополнителна испитна сесија ќе се одржат на 03.11.2025 г. (понеделник) со почеток од 10.00 часот
Термин за испит во ноемвриска сесија кај проф. д-р Христина Димеска Трајкова
Испитите по предметите кај проф. д-р Христина Димеска Трајкова ќе се одржат на 04.11.2025 (вторник) со почеток од 10ч
Ceepus Georegnet 2025-2026
Се известуваат професорите, соработниците и студентите на Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје дека во тек е повикот за аплицирање на CEEPUS програмата за летниот семестар во академската 2025/2026.
Подетални информации можете да добиете на следниов линк http://www.ceepus.info/ или кај локалниот координатор проф. д-р Христина Димеска Трајкова.
Термин за полагање во ноемвриска ( дополнителна ) сесија
Испитите кај проф. д-р Мирјанка Маџевиќ во ноемвриска ( дополнителна ) сесија ќе се одржат на
06.11.2025 година ( четврток) со почеток во 10.00 часот, просторија 236.
доставување на индексите за добивање на печати во индекс за упис на зимскиот семестар во учебната 2025/2026 година, ќе се одвива од 16.10.2025 до 22.10.2025 година од 11:30 до 13:30 часот
Почитувани студенти на прв циклус студии,
Ве известуваме дека доставување на индексите за добивање на печати во индекс за упис на зимскиот семестар во учебната 2025/2026 година, ќе се одвива од 16.10.2025 до 22.10.2025 година од 11:30 до 13:30 часот на Шалтерите на Одделението за студентски прашања. Индексите ќе бидат завршени за 5 работни денови и ќе бидат службено доставени до библиотеките на институтите.
Студентите треба да достават:
|
1. |
ИНДЕКС Студентите треба уредно да ги пополнат четирите колони на страницата во индексот, за зимскиот семестар: предмет, статус на предмет (з/и), број на часови, запишување на предмет (прв/втор пат итн.) Списокот на предмети треба да е идентичен со одобрените предмети во iknow профилот на студентот. |
Соопштение за НОЕМВРИСКА (дополнителна) испитна сесија во учебната 2025/2026 година
Се известуваат студентите на Природно-математичкиот факултет во Скопје дека, Ноемвриската (дополнителна) испитна сесија во учебната 2025/2026 г., ќе се одвива во периодот од 03.11.2025 г. до 07.11.2025 г.
Право за полагање имаат студентите кои уредно го имаат запишано зимскиот семестар во учебната 2025/2026 година, и уредно им е заверен летниот семестар од учебната 2024/2025 година.
Студентите во ноемвриската испитна сесија ќе може да пријават и полагаат 1 (еден) испит од летниот семестар од учебната 2024/2025 г. за кој треба да имаат електронски потпис за остварени обврски за предметот.
Во периодот од 20.10.2025 г. до 31.10.2025 г. студентите треба задолжително да:
– преку Модулот документи селектираат Барање дополнителна сесија (од 2024) со што ќе им се овозможи да ја извршат уплатата во износ од 1000,00 денари,
- ја печатат реализарана уплата и ја доставуваат заедно со пријавата за испит (хартија) во одделението за студентски прашања.
Термините за практичен и теоретски дел од испитот во престојната ноемвриска (дополнителна) испитна сесија и просториите во кои ќе се одвиваат испитите ќе бидат објавени најдоцна до 17.10.2025 г. на веб страните на институтите на Факултетот.#mce_temp_url#
ДИПЛОМСКА РАБОТА
Република Северна Македонија
Универзитет ”Св. КИРИЛ И МЕТОДИЈ”
ПРИРОДНО МАТЕМАТИЧКИ ФАКУЛТЕТ
Врз оскля пгК член 84 став 1 точка 13 од Статутот на Природноматематичкиот факултет - Скопје во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје (Универзитетски гласник бр. 464/2019 и 464/2021-анекс), Деканатската управа на Факултетот, на 23 редовна седница одржана на 30.09.2025 година, ја донесе следната:
1. Студентот кој ги запишал сите преостанати предмети до крајот на студирањето во летниот семестар и ги положил сите испити од зимскиот семестар, со исклучок на допломската работа, истата може да ја запише во зимскиот семстар.
2. Студентот кој ги запишал и положил сите испити заклучно со есенскиот испитен рок, но не ја запишал дипломската работа во летен семестар, во зимски семестар запишува само дипломска работа и може да пристапи на одбрана на дипломската работа во текот на ЗИМСКИОТ семестар ( не треба да чека да измине семестарот).
З. Студенот кој запишал дипломска работра во ЗИМСКИ семестар, истата може да ја презапише само во непарен семестар.
4.Студентот кој ги запишал и положил сите испити заклучно со зимскиот испитен рок, со исклучок на дипломската работа, во летен семестар запишува само дипломска работа и може да пристапи на одбрана на дипломската работа во текот на летниот семестар (не треба да чека да иозмине семестарот).
5.Одлуката стапува на сила со нејзиното донесување.#mce_temp_url#
Термин за ноемвриска (дополнителна) испитна сесија кај проф. д-р Дејан Илиев
Испитите во ноемвриската (дополнителна) сесија кај проф. д-р Дејан Илиев ќе се одржат на 6.11.2025 година (четврток) со почеток од 8:00 часот во просторија 230.
Термини за полагање на испити во НОЕМВРИСКА (дополнителна) испитна сесија во учебната 2025/2026 година кај проф. д-р Марија Љакоска
Се известуваат студентите на Институтот за географија дека испитите во ноемвриската испитна сесија кај проф. д-р Марија Љакоска ќе се спроведат на 6.11.2025 година (четврток) со почеток од 9:00 часот во просторија 230.
Испитите задолжително да се пријават во iknow системот.